Компанијата „Фејсбук“ во вториот квартал оствари приход од 1,81 милијарда долари, додека во истиот период минатата година таа бројка изнесуваше 1,18 милијарда. Нето приходот изнесува 333 милиони долари, додека заработката по акции е 0,13 долари.
Како што покажуваат најновите податоци, социјалната мрежа има повеќе од 1,15 милијарди месечно активни корисници, 819 милиони мобилни корисници и 699 милиони дневно активни корисници.
Вкупната база на корисници се зголеми за 21 процент во однос на минатата година, додека мобилните корисници пораснаа дури за 51 процент. Директорот на „Фејсбук“, Марк Закерберг изјави дека оствариле добар напредок, подлабоко ангажирање и силни финансиски резултати.
– Трудот кој што го насочивме за создавање најдобро искуство за мобилните „Фејсбук“ корисници ни донесе добри резултати и обезбеди цврста основа за иднината-додаде тој.
Елена Георгиевска