Претставена Лумиа 535

Од:

Мајкрософт го претстави новиот смартфон Лумиа 535 под свое име, што е прв уред по преземањето на Нокиа.

Лумиа 535 доаѓа со пет инчен екран заштитен со Горила Глас 3 и резолуција 960х540 пиксели. Уредот има процесорот Снапдрагон 200, РАМ меморија од еден гигабајт и 8 ГБ вградена меморија, со можност за надградба со микроСД мемориска картичка.

Предната камера има пет мегапиксели резолуција, исто како и камерата на задниот дел, која има и лед светло. Лумиа 535 има батерија од 1.905 мили ампер часа, тежина од 146 грама и димензии 140х72х8,8 милиметри.

Цената се очекува да изнесува 110 евра, а продажбата стартува кон крајот на месецот.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска