Претставен првиот телефон за деца

Од:

Компанијата „OwnFone“ претстави мобилен телефон дизајниран за деца на возраст од четири до девет години.

Наречен е „1stFone“, а претставен е како „глупав телефон за паметни родители“. Неговата големина е колку кредитна картичка, а тежината му е околу 40 грама.

Телефонот може само да добива и испраќа повици, нема ниту екран, туку на него се наоѓаат само копчиња со имиња до 12 најблиски пријатели и членови на семејството. Тоа значи дека детето ќе може да ги бара само тие 12 броеви, а само родителите ќе можат да ја додадат или изменат листата на контакти.

Производителите веруваат дека основната функционалност на „1stFone“ го намалува ризикот од пристигнување пораки од непознати лица или наоѓање непримерна содржина преку интернет.

– Во свет во кој доминираат смартфоните, родителите се соочуваат со проблем кога треба да го изберат првиот телефон за своето дете. Сакавме да направиме забавен производ кој ќе им се допадне на децата, но врз кој родителите ќе имаат целосна контрола, изјави Том Сандерленд, основачот на „OwnFone“.

„1stFone“ ќе чини 65 евра и ќе биде достапен преку сајтот на „OwnFone“.

Компанијата наскоро планира да го претстави „2ndFone“, евтин апарат кој е совршен за патувања.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска