„Мајкрософт“ ја претстави новата конзола за игри „Xbox One“ за која очекува да привлече голем број љубители, опишувајќи го како врвен се во едно систем за забава.
Третата генерација на конзолата за игри на „Мајкрософт“ доаѓа осум години по „Xbox 360“.
Конзолата ќе се најде во продажба кон крајот на оваа година. Уредот доаѓа во пакет со телевизија која функционира по пат на гласовни и моторни команди, содржи „Скајп“ видео повици, 15 ексклузивни игри и оригинална програмска содржина.
Од компанијата најавуваат дека познатиот режисер Стивен Спилберг ќе создаде телевизиска серија базирана на познатата игра „Хало“ за „Xbox“.
Новата конзула за игри ќе понуди и ексклузивни содржини како што е американската Национална лига во фудбал.
Уредот ќе има осум гигабајти меморија со нов Кинект сензор што го поврзува гласот и гестикулацијата на кориснкот со конзолата.
Претходникот „Xbox 360“ на пазарот се појави пред осум години постигнувајќи голем успех и достигнувајќи продажба од над 70 милиони примероци.