Јужнокорејската компанија „Ел-Џи“ официјално го претстави Нексус 4 Вајт, бела верзија на смартфонот развиен во соработка со американската компанија „Гугл“.
Освен белата боја, двата уреди се целосно идентични. Нексус 4 Вајт има 4,7 инчен екран со резолуција од 1280Х768 пиксели, Куалком Снапдрагон С4 процесор и 2 Гигабајти РАМ меморија.
Новиот смартфон првично ќе биде претставен во Хонг Конг на 29 мај, а потоа и на пазарите во Азија, Севрна Америка, Европа и Блискиот Исток.