Францускиот производител на мобилни телефони „Алкател“ на Саемот во Барселона го претстави својот најнов смартфон „One Touch Idol X“.
Алкател ОТ Идол Х има пет инчен ИПС екран со резолуција од 1080п, четиријадрен процесор МедиаТек со 1,2 гигахерци, 16 ГБ меморија и 13 мегапиксели камера.
Новиот телефон е со дебелина од 7,1 милиметри и батерија од 2000 мили Ампер часа.
Идол Х работи на Андроид 4.1 оперативен систем.
Телефонот ќе биде достапен во две верзии, кои ќе се најдат на различни пазари во светот. Првиот има 8 мегапиксели камера и слот за микроСД картичка. Втората верзија е со две СИМ картички, 13 мегапиксели камера, но без слит за микроСД картичка.