Конечно во јавноста излезе кратка најава, во која можеме да ја видиме Наоми Вотс, како принцезата Дајана.
И покрај тоа што од видео снимката не може да се дознае многу за филмот, сепак барем можеме да забележиме како ќе изгледа Вотс во оваа улога.
Биографскиот филм зборува за последните две години од животот на британската принцеза, кои што беа бурни и за жал завршија трагично.
Дијана е единствениот член од кралското семејство, која што ќе се прикажува во филмот, а најголемо внимание е насочено кон нејзините врски со кардиологот Хансат Кан и Доди Фајед.
-Многу е тешко да се глуми некој, кој имаше силно влијание врз сите нас. За неа сакам само правда и се надевам дека со овој филм ќе можам да ја пренесам нејзината приказна-изјави Вотс, која е воодушевена што ќе ја игра улогата на принцезата Дајана.
Светска премиера на филмот се очекува да се случи на 20-ти септември, само три недели по 16-годишнина од нејзината смрт.
Елена Георгиевска