Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн изјави дека планира нејзината ќерка да зборува англиски исто колку и јазикот на домородците Маори.
– Сакам да научи маорски. Не сме одлучиле се уште кога тоа ќе се случи, изјави таа за Маори ТВ.
Ардерн се врати на должност по шестнеделно породилно отсуство.
Те рео Маори познат како маорски стана службен јазик во Нов Зеланд уште во 1987 година и се уште е на листата на УНЕСКО на загрозени јазици. Околу 130 од 600 илјади Маори во Нов Зеланд течно зборуваат на својот јазик. Во моментов само 25 отсто од сите ученици учат маорски во школо.
Владата планира да го понуди маорскиот јазик во сите школи во 2025 година.