Приказната на „Ѕвездени патеки во темнината“ ја следи приказната на капетанот на Ентерпрајз Џејмс Кирк и неговиот екипаж, кои се во потера по човек што самиот е „оружје за масовно уништување и е одговорен за метежот што настанува во Ѕвездената флота и на Земјата“.
Екипажот на бродот Enterprise овој пат ќе го претстават Chris Pine, Zachary Quinto, Karl Urban и Zoe Saldana, а режисерската позиција уште еднаш ќе ја превземе J.J. Abrams.
Премиерата за “Star Trek: Into Darkness” е закажана за 17 мај.