Прелистувачи кои можеби ќе ги засакате

Од:

Tech Republic издвои пет прелистувачи кои можеби немаат куп опции кои ги нудат најпопуларните, но кои сосема коректно си ја работат својата работа. Некои од нив имаат опции и кои ги нема кај никој друг.

SeaMonkey

Искусните корисници веројатно слушнале за овој прелистувач кој во себе крие e-mail, HTML editor, IRC chat, читач на RSS feed и уште многу други работи. Овој прелистувач има многу заедничко со Firefox и Thunderbird, па можете да го синхронизирате на различни уреди, да менувате теми, да блокирате поп-ап прозорчиња, да вклучите сигурно прегледување и друго. Иако SeaMonkey можеби нема најмодерен дизајн, сепак е одличен прелистувач.

K-Meleon

Баш како што асоцира неговото име на камелеон, овој прелистувач се прилагодува во многу нешта на корисникот. Базиран е на отворен код, но наменет е само за корисниците на Windows кои без проблем ќе се снајдат во неговиот кориснички интерфејс. Поддржува гестикулации со глувчето, прилагодува кратенки на тастатурата, блокира поп-ап прозорчиња и е брз во вчитувањето на страниците.

Pale Moon

Прелистувач базиран на Firefox, но направен посебно за Windows. Ова значи дека при неговото создавање авторите одбрале можности кои во целост се прилагодени за овој оперативен систем и неговите барања. Прилагоден е за компјутери со брзи процесори, поддржува HTML5/CSS, користи помала работна меморија од Forefox, но нема на пример можност за родителски надзор. Доколку ви треба брз прелистувач за Windows, Pale Moon би можел да биде прелистувачот за вас.

Lunascape

За просечниот корисник, овој прелистувач веројатно би бил премногу комплициран, но за програмерите или веб дизајнерите, ова е прелистувач од соништата. Работи само во Windows.

Net Surf

За крај, овој прелистувач функционира на сите оперативни системи, а дури и на мобилните уреди. На прв поглед изгледа како било кој прелистувач, но крие многу згодни можности. На пример, автоматски ќе ви ја испише веб адресата откако ќе почнете да пишувате, го пребарува интернетот како што пишувате, овозможува управување со „колачињата” и многу други работи.

Без обзир на тоа кој прелистувач го користите, пробајте некој од овие предлози. Можеби ќе ви се допадне повеќе од вообичаените прелистувачи.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска