Предности кои ни ги носат годините

Од:

Отпорноста на вируси, подобро помнење и подобар секс, како и помало ниво на стрес – не е лага. Вашето тело со годините навистина станува подобро.

Додека се грижите за ново бело влакно во косата, можеби пропуштате некои од добрите, суптилни промени кои влегувањето во средни и зрели години го прави пријатно животно искуство.

Помалку здодевни болести

Знаете дека грипот секогаш најчесто ги фаќа најмладите и најстари лица? Вашиот имунолошки систем со време ќе слабее, но експертите велат дека во 30-те и 40-те години ќе бидете во најдобра состојба што се однесува на борбата против инфекции. Со текот на годините во организмот складираме се повеќе и повеќе различни антитела. Години подоцна, кога сме изложени на сличен вирус, нашите антитела стануваат моќно оружје во спречување повторни инфекции.

Повеќе сексуално задоволство

Мислите дека страста со времето ќе се стивне? Со промената на хормоналната рамнотежа во раните 40-те години всушност можете да го зајакнете сексуалниот нагон и можноста за постигнување оргазам. Во тие години исто така ќе се чувствувате попријатно во сопстевното тело, повеќе му верувате на партнерот, пронаоѓате посуптилни начини на задоволство.

Пониско ниво на стрес

Иако одговорот на телото на стресот не се менува, листата на ситуации кои можат да не исфрлат од такт е се покуса. Како што поминува времето, се сме посигурни во своето тело, врските, кариерата и животните избори – а со тоа учиме и што можеме да контролираме, а што не. Со текот на годините вложуваме во она што навистина ја храни душата.

Не се грижиме опсесивно за изгледот

Многу од нас во младоста опсесивно се грижат за изгледот и поминуваат повеќе време пред огледало. Не само што подоцна во животот помалку се грижиме за физичкиот изглед, туку и нашето тело бара помалку „одржување“. Кожата произведува помалку маснотии како што старееме, па косата не треба да ја миеме толку често, а и влакнетоста на телото се намалува поради пониското ниво на естроген, па е потребно поретко депилирање и бричење, отколку во младоста.

Подобра ментална кондиција

Како што старееме и нашето помнење слабее, и забораваме одредени работи. Сепак, новите истражувања потврдуваат дека менталните способности јакнат во средното животно доба. Денес имаме можност на учење во текот на целиот живот, а студиите покажуваат дека со време почнуваме да ги користиме двете страни на мозокот за решавање рутински задачи, што значи дека стануваме се подобри во решавањето проблеми. Ова може да се објасни зошто жените во 40-те, 50-те и 60-те години имаат подобри резултати на тестовите на сложени когнитивни вештини.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ