Пребиотиците се класифицирани како недигестивни состојки на храната со кој пробиотиците може да се „нахранат“.
Тие се наоѓаат во цревата и ја зголемуваат бројката на здрави бактерии, со цел да помогнат во дигестивниот систем како и за создавање на вредни витамини.
Добрите бактерии имаат значајна улога во регулирањето на вашиот имунилошки систем, го инхибираат растот на патогени и помагаат во варењето на храната.
„Galactooligosaccharides (GOS)“ претставуваат најнапредната форма на пребиотици кои припаѓаат на групата на одредени хранливи влакна кои го хранат и потикнуваат растот на добрите бактерии во цревата.
Главниот извор на превиотиците се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, но може да се земаат и во форма на додатоци во самата исхрана.
Додека сите пробиотици се влакна, не сите влакна може да се дефинираат како пребиотици.
Во нашата секојдневна исхрана најмногу плодови кои се богати со пребиотици се кромидот, лукот, бананата, артичоките, аспарагус, празот и многу други.
Пребиотиците се разликуваат од пробиотиците во тоа што нивните бактери не се живи и така немаат влијание од топлината и киселоста внатре во цревата, но тие имаат особено позитивно влијание врз цревната флора на човекот.