Познато е кој е најсреќниот човек на светот

Од:

Невролозите од Универзитетот во Висконсин го скенирале мозокот на Матје Ришар, близок повереник на Далај Лама, и прогласиле дека е најсреќениот човек на светот – или барем најсреќниот човек на светот за кого тие знаат.

Скенирањето на мозокот на овој будистички мислител покажало дека сивата маса на неговиот мозок додека медитира, емитува количина гама бранови каква што „никогаш порано не е забележана во неуролошката литература“. Гама мозочните бранови се поврзуваат со помнењето, учењето, вниманието и совесноста.

„Тоа покажува дека медитацијата не е само смиреност под мангово дрво, туку дека целосно го менува вашиот мозок, а со тоа и вашата суштина“, вели Ришар, 66-годишниот будист, кој пред десет години докторирал во областа на клеточната генетика, но ја напуштил научната кариера за да ѝ се посвети на религијата.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ