Египетските власти повторно ја отворија древната библиотека во манастирот Света Катарина, што се наоѓа во јужниот дел на Синај.
Библиотеката во манастирот е на листата за светско наследство на УНЕСКО и во неа се наоѓаат околу 3.330 христијански списи на грчки, арапски, сириски, грузиски, словенски и други јазици, како и илјадници книги и свитоци, а некои од нив се од 4 век.
Реновирањето на библиотеката траеше три години. Архиепископот на манастирот Дамјанос изјави дека во библиотеката се наоѓа втората по големина збирка на древни кодекси и ракописи во светот, а најголемата збирка е во библиотека во Ватикан.
Манастирот Света Катерина изграден е во 6 век и е еден од најстарите православни манастири во светот и главна туристичка атракција во јужен Синај. Изграден е во подножјето на Синајска Гора, каде според верувањето, на местото каде Мојсие ги добил десетте божји заповеди.
Во манастирот живее мал број монаси, кои со векови извршуваат непроменети обреди.