„Боида“ е едноставна маса, креирана од страна на дизајнерот Кунск Чои, која има повеќенаменска функција.
На едниот дел од масата има посебно седиште за бебе, што освен за таа намена, може да биде користено и како простор за чување на книги или било кој друг декоративен предмет.
„Боида“ има овален облик, изработена е од дрво и релативно е пониска за разлика од другиот мебел, со цел да му пружи поголема удобност и заштита на детето.