Потребно ли е да размислите пред да кажете „те сакам“?

Од:

Вљубени сте до уши и со душа чекате момент кога да му кажете на лицето дека го сакате. Но, пред да ги изговорите овие магични зборови, прочитајте во кои ситуаци овие изјави завршуваат катастрофално. Можеби треба малку и да размислите.

Ако за вас важи правилото „клинот со клин се вади“ и сте тип на човек кој празнината од една завршена врска ја пополнувате со нова, шансите дека премногу рано ќе изјавите љубов се големи. Пред да му кажете на некое лице „те сакам“ размислете дали навистина сте стигнале во врската до она што најмногу ве прави среќни и сте го добиле тоа што го очекувате. Порано или подоцна ќе морате да се „одморите“ и да почекате некој кој навистина ќе го освои вашето срце целосно.

Понекогаш вреди да се ризикува и да се признае чувството на заљубеност или љубов, доколку навистина сте убедени дека тоа е лицето на вашиот живот. Но, доколку не е, или не сте сигурни дека е, почекајте. Непријатна е ситуацијата кога на вашиот партнер ќе му кажете дека го сакате, а тој молчи или уште полошо се лути. Тој потег би можел да биде и кобен за вашата врска.

Многу лесно овие зборови можат да го збунат другиот. Ако имате интензивни чувства во почетокот на врската, не треба да ги престорите во зборови бидејќи другиот може да помисли дека го велите тоа само за да му направите лице, а не го мислите вистински.

Запрашајте се колку добро се познавате. На почетокот на врската двојките често се заслепени и не го познаваат доволно карактерот на својот партнер. Дали го знаете доволно минатото на вашиот партнер и имате ли предвид што тој сака од животот. Пред да кажете некому дека го сакате размислете дали го сакате навистина него таков каков што е или само ја сакате вашата слика направена за него.

Несигурноста исто така може да ве измами и да направите грешка. Понекогаш луѓето мислат дека изјавувањето на љубов значи и врзување и победа над останатата конкуренција. Но, може и да значи преиспитување, партнерот да се запраша дали навистина сака сериозна врска со вас.

Тој веднаш ќе го почувстува притисокот и ќе помисли дека треба да реагира некако. А ако е премногу рано, или ако реално не е подготвен за такво нешто, резултатот ќе биде неочекуваниот.

Ако сте навистина сигурни и ако верувате дека дефинитвно треба да ги покажете своите чувства, тогаш за почеток, направете го тоа со дела, не со зборови. Подгответе едно романтично изненадување и неколку слатки мали задоволства. Потоа чекајте реакција. Од однесувањето на спротивниот пол ќе можете да претпоставите што тој чувствува за вас и дали сте на истата „фрекфенција“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска