Керамички засилувач за Ајфон изработен во облик на рог за кој не се потребни кабли ниту батерии е дело на италијанската форма Ен-енд-Ис.
Се што Ви е потребно е да го вметнете Ајфонот на врвот од тој рог и да пуштите да се развие „природна акустика“.
МегаАјфон е направен од керамика додека постољето е од дрво. Ќе ве потсети на добрите стари денови кога немало засилувачи што треба да се вклучат во струја.
МегаФон е достапен во црна, бела и златна боја. За црниот модел ќе треба да издвоите околу 550 долари додека позлатената верзија ќе ве чини 820 долари.