Португалија воведува данок на сонце

Од:

Португалија на сопствениците на куќи со убав поглед и кои се изложени на сончевите зраци им наметна нова давачка, зголемувајќи им ја даночната основица, објавено е во Службен весник.

Данокот на такви куќи и станови со тоа ќе биде зголемен до 20 отсто во случај кога куќа или стан има убав поглед, за што до сега се плаќаше пет отсто, што веќе предизвика голем гнев кај здруженијата на потрошувачи и сопствениците.

– Сето ова укажува на тоа дека следен чекор ќе биде данок на воздухот кој го дишеме, изјави претседателот на Здружението на сопственици на недвижнини на Португалија, Антонио Фаријас Маркес.

– Одлучно сме против овие мерки бидејќи се засноваат на субјективен критериум. Погледот од куќата може различно да се оценува, изјави Ернесто Пинто, експерт за данок од Здружението на потрошувачи.

Од друга страна сопствениците на куќи од кои се гледа на гробишта или некои индустриски капацитети ќе добијат намалување на данокот на имот до десет отсто, кој досега беше пет проценти.

Би можело да ве интересира

До вторник сончево и топло до 29 степени

Наутро магла, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Сончево со умерена облачност и температура до 13 степени

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност

Денеска сончево време со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд