Портокалите се најполезни ако се јадат цели

Од:

Портокалите се корисни за имунитетот, помагаат во враќањето на силата по вирусни заболувања и ја подобруваат состојбата на крвните садови. Руската нутриционистка Олга Перевалова за радиото Спутник говори за тоа – како да јадете портокали, а тие да не ги загубат своите вредни својства?

– Дневната доза на витамин Ц е 60 милиграми. Свеж портокал може да има две дневни дози витамин и тоа е доволно за умерено здрава личност. Витаминот Ц може да се зголеми и до 500 или 1.000 милиграми. Портокалите содржат и многу витамини од групата Б, кои не само што го зајакнуваат имунитетот, туку и поволно влијаат на работата на крвните садови. А кората содржи каротеноиди – растителен облик на витаминот А, кој се нарекува и „витамин за убавина“, оти влијае на квалитетот на кожата и го подобрува видот, особено ноќниот вид, вели д-р Перевалова.

Олга Перевалова порачува дека цитрусните плодови задржуваат најмногу витамини ако се јадат цели, а не исечени или исцедени како сок.

– Ако го цедите сокот од овошјето, ќе ви требаат 4-5 средни портокали за една чаша. Овој сок ќе содржи и огромна количина фруктоза, а тоа е шеќер што го оптоварува панкреасот. Сечењето ја намалува количината витамин Ц по допирот со металниот нож и така, губиме дел од неа. Оптимално е да земеме свежа овошка, да ја измиеме и да ја јадеме цела, заедно со кората!, вели д-р Перевалова.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска