„Леблон Дилин“ студиото не потсетува на светот на „Алиса од земјата на чудата“ со помош на нивната прва прекрасна порцеланска колекција.
Инспирацијата од светот на Алиса се наоѓа на иделаната хармонија на црни и бели дезени и префинети барокни детали и дванаесет рафинирани силуети, од кои четири ги претставуваат главните улоги – Алиса, Белиот зајак, Насмеаната мачка и Лудиот шеширџија.
Срцето на оваа колекција е претставено во форма на подарок-пакување со четири различни предмети кои ги отсликуваат четирите главни ликови.
Целата колекција е збогатена со чинии за слатки, голема чинија за торта и чинија за салата кои се урасени со 12 различни ликови, а тука е и чајникот декориран со протагонистите, како и сад за шеќер украсен со антагонистите, што како резултат претставува одлична комбинација.