Група поранешни вработени во „Нокиа“, кои дале отказ поради одлуката на компанијата да се откаже од оперативниот систем „МиГоу“ во корист на Виндоус, претставија сопствен смартфон.
Смартфонот на компанијата „Јола“ е целосно интуитивен и нема копчиња. Моделот претставува сериозен кандидат на пазарот на смартфони, се наведува во соопштението на компанијата.
Моделот, што досега се нарекува само Јола има екран од 4,5 инчи чувствителен на допир, а во продажба ќе се најде во четвртиот квартал од годината, по цена од 399 евра.
Компанијата себеси се опишува како „поинаков“ производител на телефони, а моментално работи на сопствен оперативен систем „Салифиш“, кој треба да претставува замена за „МиГоу“.