Поранешниот градежник Валдевино Мигуел да Силва од Бразил направил куќа која стои на покривот, додека темелите се на врвот. Наопаку се свртени и прозориците и вратите. Куќата се наоѓа во Сао Матеус и е вистинска атракција.
Влезот е одзади, а во неа никој не живее. Направена е за забава, па пред неа туристите можат бесплатно да се фотографираат. Внатрешноста е целосно нормална, а собите се направени традиционално.
Во приземјето се наоѓаат кујна, трпезарија и бања, додека на кат има две соби.
„Работев многу долго во таа индустрија и кога се пензионирав сакав да направам нешто возбудливо и различно. Си поставив предизвик да бидам активен и направив куќа поставена наопаку” – рече Да Силва кој има 65 години.
Неговата сопруга на почетокот мислела дека се работи за шега и му зборувала да не го прави тоа.
„Звучеше како да има луда идеја и мислев дека нема добро да изгледа, но немаше поента да се расправам со него. Кога нешто ќе зацрта, тој оди кон тоа” – рече Мариа Елизабет да Силва.
Одлучила да му помогне и на проектот работеле три години. Куќата има 400 метри квадратни, а Да Силва ја изнајмува.
„Кој ќе живее во неа ќе стане славен” – порача тој.