Поради зимската Олимпијада, доделувањето на Оскарите во 2014. во март

Од:

Доделувањето на Оскарите следната година ќе биде одржано на 2 март, односно една недела подоцна од вообичаено, затоа што во исто време се одржува зимската Олимпијада, соопштија организаторите.

Американската филмска академија најави дека свеченото доделување на Оскарите 2015. ќе биде како и обично, на 22 февруари, како и дека обете церемонии ќе бидат емитувани во живо од Долби театарот во Холивуд.

Номинациите за 86.доделување на Оскарите ќе бидат објавени на 16 јануари 2014 година.

Зимските олимписки игри во Сочи ќе траат од 7 до 23 февруари, што натера неколку големи холивудски свечености, како доделувањето на наградата на Здружението на глумците и Златниот глобус, да го поместат датумот за да се избегне совпаѓање со преносот на натпреварувањата.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка