Поради премногу смеење завршила в болница

Од:

Обожавателка на комичарот Мајкл Мекинтаер завршила в болница во англискиот град Плимут поради силни болки за време на еден од неговите настапи.

19-годишната Џесика Овен раскажала дека одеднаш почувствувала остра болка во градите и раката почнала да и трпне.

– Беше премногу страшно. Одлучивме да го напуштиме шоуто и веднаш да заминеме на лекар, објаснува Џесика.

По направеното ЕКГ лекарите дошле до необична дијагноза за ситуацијата на девојката, а тоа е воспаление на градниот кош поради премногу смеење.

– Кога им кажав на лекарите каде бев, тие рекоа дека е очевидно што се случило и оти премногу сум се смеела, додава Џесика.

Таа потоа му пишала на комичарот на Фејсбук, а за возврат добила покана за некој од неговите настапи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Ана Ололовска

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Ана Ололовска

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска

Приказна што го шокираше светот: Го воспитувала 13 години, а потоа го завела, сега имаат бебе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Само во Јапонија – фирма „купува“ човечки лица за 300 евра и прави морничаво реалистични маски

Жарко Настоски