Синџирот-ресторани „Џејмис Италијан“ на најпознатиот готвач во светот Џејми Оливер има долгови од 71,5 милион фунти.
Како што објавија британските медиуми, Џејми им должи на вработените 2,2 милиона фунти, а лани остварил загуба од 10 милиони фунти. Освен долговите за плати, тој има долгови и за кредити, за данок, за кирија, како и долгови кон доставувачите.
Џејми во петокот објави дека ќе затвори 12 ресторани во Велика Британија поради реконструкција на компанијата. Тој има 25 ресторани во Велика Британија и 28 во САД.
Богатството на Џејми Оливер се проценува на 150 милиони фунти. Сепак, неинвестирањето, неатрактивните локации и големите трошоци им пресудија на рестораните на Џејми.