„Попи“ лампи инспирирани од цветот на афионот

Од:

Дали се сеќавате на поранешните лампи на гасиѓе, кои биле во употреба пред денешните светилки?

Нивната светлина била пригушена и често недоволно силна, но тие со себе носеле некој вид на шарм и убавина, топлина и блискост. Иако одамна веќе не се во употреба, овие лампи во никој случај не се заборавени, па многу лесно можете да ги најдете во куќите на своите баби и дедовци, како висат на ѕид и потсетуваат на тие стари, едноставни времиња.

Сепак, бидејќи се добива своја модерна верзија, мебелот, облеката, аксесоарите и декоратвните детали, и газиените лампи добија свој развиен модел за 21 век.

Норвешкиот бренд „Фрост Продукт“ најде своја инспирација во полињата на афионот, при дизајнирање на серијата лампи „Попи“ за вашиот екстериер, кои пред се се наменети за креирање на амбиент за гледање на поларната светлина.

Нивните едноставни силуети се интересна референца на стеблата и круните на цветовите на афион, што дефинитивно ги прави совршена алтернатива за екстериерните свеќи и фенери.

Серијата лампи „Попи“ е претставена во две верзии. Едната има круна во форма на купе, додека другата повеќе наликува на глобус со заоблена крагна. Двете верзии на лампи имаат свои резервоари за петролеј, кои се вадат и кои се недостапни за децата, така што се совршено безбедни.

Лампите „Попи“ се достапни во верзии за работна маса, за на под или лампи кои можете да ги користите во својот двор.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска