Еден стоматолог од Канада поминал 8.000 километри за да ја најде најде девојката со која разговарале само две минути. Малку или многу, ќе рече некој, ама не се тоа само обични осум илјади километри, туку од Канада отишол во Ирска само со надеж дека ќе ја најде, ако им е судено.
Санди Крокер ја видел таа девојка минатата година во Енистимон во Ирска, каде што застанал да јаде нешто. Штом ја видел, знаел дека мора да направи некој чекор, па ја прашал за некоја улица.
Помислил да ја покане на вечера, но веднаш се предомислил бидејќи немало смисла. Вечерта се враќaл дома.
Сепак, кога стигнал дома сфатил дека згрешил и одлучил да се врати во Ирска.
Санди веќе два месеци ја бара девојката. Оставил податоци во сите амбасади и весници. Ќе ја бара уште еден месец.
„Ќе ја пронајдам, ако ни е судено“, вели тој.
Ете затоа велат дека љубовта чуда прави.