Помалку посети на Ајфеловата кула по терористичките напади во Париз

Од:

Ајфеловата кула, една од најпосетените туристички атракции во светот, се повеќе е одбегнувана од посетителите после ноемвриските терористички напади во Париз.

Минатата година „железната дама“ ја посетиле малку над седум милиони луѓе, што е пад од 2,5 отсто во споредба со 2014 година, кога беа регистрирани 7,1 милион туристи, соопшти компанијата СЕТЕ, која се грижи за 126 години стариот споменик.

„Пред трагичните настани што ја погодија француската престолнина во ноември 2015 година, посетите беа во пораст за еден процент“, се наведува во соопштението, пренесуваат француските медиуми.

Повеќето посетители, приближно 80 отсто, се странци, најмногу од САД, Канада, Велика Британија, Шпанија и Италија, прецизира СЕТЕ.

Оваа компанија наведува дека бројот на туристи од северна Америка и западноевропските земји е стабилен, но дека има помалку Руси и повеќе Индијци и Кинези, како и Бразилци.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз