Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

Од:

По 22 години погребот на Јосип Броз Тито повеќе не е најпосетениот државен погреб во историјата. Тесно го надмина државниот погреб на британската кралица Елизабета.

Погребот на претседателот на Југославија на 8 мај 1980 година беше најпосетуван по бројот на присутни политичари и државни делегации. Присутни беа четворица кралеви, шест принцови, 22 премиери, 31 претседател и 47 министри за надворешни работи.

Тито беше популарен лидер во земјата и во странство. Тој ја обедини Југославија (сега Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Словенија) и беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, кое зазеде неутрална позиција меѓу САД и СССР за време на Студената војна.

На државниот погреб на кралицата Елизабета во понеделникот присуствуваа 2.000 гости, меѓу кои 18 монарси, 55 претседатели и 25 премиери.

Активистката и писателка Арнеса Буљушмиќ-Кустура на Твитер напиша дека погребот на кралицата сепак не успеал да го надмине погребот на Тито. Меѓутоа, кога ќе го споредите бројот на земјите-членки на Обединетите нации кои испратија свои делегации, ќе видите дека погребот на кралицата има тесна предност.

На погребот на Тито присуствуваа претставници на 128 земји, што е 83 отсто од тогашните 154 членки на ОН. Спротивно на тоа, на погребот на кралицата присуствуваа 167 државни делегации, што е 86,5 отсто од сегашните 193 земји-членки на ОН.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он