Подвижна куќа од 10 метри квадратни

Од:

За оние со авантуристички дух и кои сакаат да се постојано во движење идеално решение за домување е малата куќа на тркала, дело на група ученици од американската држава Калифорнија.

Подвижна куќа 2

Оваа „портабл“ куќа е со димензии 4,8 на 2,1 метри и со вкупна површина од 10 метри квадратни. Куќата нема бања, кујна и водоинсталација, но сепак може да претставува иделно засолниште или работно место за писатели.

Подвижна куќа 3

Основата на куќата ја сочинува железна рамка, на која е прицврстена дрвената конструкција, врз која од едната страна има сиви метални панели.

Подвижна куќа 4

Ентериерот, во кој доминира белата боја, се состои од кревет со мал простор за складирање и мал креденец.

Подвижна куќа 5

Врз куќата се поставени соларни панели од 250 вати, преку кои објектот се снабдува со електрична енергија.

Подвижна куќа 6

Творците изработиле две вакви куќи, од кои едната е подарена на хуманитарна организација од Орегон, а другата се нуди на продажба по пат на аукција за почетна цена од 10.000 долари.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска