Почувствувајте го мирисот на Вселената за 15 долари

Од:

Земјаните наскоро можеби би можеле да си го купат мирисот на вселенското пространство, што ќе биде пуштен на пазарот како парфем.

Според хемичарот Стив Пирс, астронаутите мирисаат како „мешавина од барут, бифтек, малини и рум“. Парфемот „О’де Спас” (Eau de Space) е негово дело. Како што објави Си-Ен-Ен, тој е и основач на проектот на НАСА – „Oмега ингридиентс“ од 2008 година.

Вселенска вода „О’де Спас” ќе биде пуштена преку американската асоцијација Кикстартер од Њујорк, поточно Бруклин. Според нивната интернет-страница, производот ќе биде подготвен за достава до октомври 2020 година и ќе чини 15 долари.

Парфемот е создаден 2008 година, првично за помагање на астронаутите – да се навикнат на миризбата пред вистински да ја почувствуваат Вселената. Стручњаците со години потоа ја усовршувале аромата.

Би можело да ве интересира

На Барбери не им требаат модели, вработените ги рекламираат производите

Ана Ололовска

Почина јапонскиот дизајнер Кансаи Јамамото

Ана Ололовска

Нова Булгари колекција накит со Барок мотиви

Ана Ололовска

Диор „џорданки“ – патики што сакаат да ги купат пет милиони луѓе

Ана Ололовска

Австралијка прави гламурозна облека од хартиени кеси

Ана Ололовска

Од стар автобус, направил удобна викендичка

Ана Ололовска