Почнува 70. јублејно издание на Канскиот филмски фестивал

Од:

Кан по 70-ти пат од денеска ќе биде домаќин на најпознатиот и најпрестижниот фестивал на филмската уметност, јави дописникот на МИА од Париз.

Со фестивалската церемонија повторно ќе раководи италијанската актерка Моника Белучи.

Фестивалот ќе го отвори новиот филм на режисерот Арно Деплешен, „Les Fantômes d’Ismaël“ („Духовите на Исмаил“), а за престижната „Златна палма“ ќе се натпреваруваат 19 филмови – по четири од Франција и САД, два од Јужна Кореја и по еден од Унгарија, Австрија, Русија, Украина, Грција, Британија, Германија и Јапонија.

Со оглед дека се работи за јубилејно издание, главната награда, која инаку е изработена од 118 грама чисто злато и вреди 20.000 евра, ќе биде украсена и со дијаманти, а за изработката е ангажиран познатиот бренд „Шопар“.

Претседател на стручното жири е шпанскиот режисер Педро Алмодовар. Во деветчленото жири на годинешниот фестивал на францускиот Азурен Брег ќе има уште тројца режисери – Марен Аде, кој ја режираше комедијата „Тони и Ердман“, потоа Јужнокореанецот Парк Чан-Вук, автор на филмот „Олдбој“ и нивниот италијански колега Паоло Сорентино, познат по филмот „Голема убавина“.

Во жирито се уште и францускиоата сценаристка, пејачка и актерка Ањес Жауи, добитникот на Оскарот за музика Габриел Џеред, како и американската ѕвезда Вил Смит.

Инаку, во текот на фестивалот ќе бидат прикажани вкупно околу 50-тина долгометражни филмови.

Во рамки на програмата „Кан класици“ ќе биде прикажано и остварувањето кое победи во 1967 година „Собирачи на пердуви“ на Александар Петровиќ.

За потсетување, минатата година „Златната палма“ отиде во рацете на британскиот режисер Кен Лоуч за остварувањето „Јас, Даниел Блејк“.

Освен програмата, изминатиов период многу се зборуваше и за постерот на фестивалот. Како што е веќе познато, искористена е фотографија од Клаудија Кардинале од 1959 година, но спорен момент во сето тоа е што познатата актерка е „смалена“ за еден конфекциски број и ставена „во модерни рамки“.

Многумина беа разочарани што совршената појава на таква актерка воопшто била предмет на „средување”. Половината и нозете на новиот постер се послаби, нешто што за светската јавност е навредувачки и непотребно. И самата Кардинале смета дека измените се непотребни.

Годинава во Кан на црвениот тепих се очекуваат Никол Кидман, Џејк Гилинхол, Тилад Свинтон, Хоакин Феникс, Роберт Парисон, и Колин Фарел коишто ќе ги претстават филмовите во коишто играат.

Македонија копродукциски ќе биде претставена во натпреварувачката програма „Извесен поглед“ („Un Certain regard“), со чие жири ќе преседава Ума Турман, со филмот „Насоки“ на бугарскиот режисер Стефан Командарев, во чие снимање учествуваа македонските продуценти Владимир Анастасов и Ангела Несторовска, како и костимографка Жаклина Крстевска и шминкерот Мартин Павловски.

Жанровски, „Насоки“ е драма снимена на бугарски јазик. Инаку, Командарев е еден од водечките бугарски и европски режисери. Филмот е поддржан и од Македонската агенција за филм.

За оние, кои фокусот го ставаат на филмовите, следи листата на 19-те остварувања кои ќе се натрперваруваат за „Златната Палма“:

1.The Beguiled (Измамени), режија Софија Копола

2. Nelyubov (Без љубов), режија Андреј Звјагинцев

3. Good Time (Добри времиња), режија Бени и Џош Сафди

4. The Square (Квадрат), режија Рубен Остлунд

5. You Were Never Really Here (Никогаш не бевте навистина овде), режија Лин Ремси

6. L’Amant double (Двоен љубовник), режија Франсоа Озон

7. Jupiter Holdja (Месечината Јупитер), режија Корнел Мандруцо

8. Aus dem Nichts (Од никаде), режија Фатих Акин

9. The killing of a sacred deer(Убиството на светиот елен), режија Јоргос Лантимос

10. Hikari, режија Наоми Кавасе

11. Geu Hu (Ден потоа), режија Хонг Санг-су

12. Le Redoutable (Страшни), режија Мишел Азанависиус

13. Wonderstruck (Зачуден), режија Тод Хејнс

14. Happy End (Среќен крај), режија Михаел Ханеке

15. Rodin (Роден), режија Жак Доајон

16. 120 battements par minute (120 отчукувања во минута), режија Робен Кампијо

17. Okja (Окџа), режија Бонг Џун-хо

18. The Meyerowitz Stories – New and Selected (Приказните на семејството Мејеровиц – Нови и избрани), режија Ное Баумбах

19. Krotkaya (Нежна), режија Сергеј Лозница.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ