Почна второто издание на The Park Festival во Гостивар

Од:

Со настапите на Шпат Деда и Туна, синоќа беше заокружена првата фестивалска вечер од The Park Festival, музичка манифестација која се организира во Гостивар.

Двата концерта се одржаа во градскиот парк, на кои присуствуваше ограничен број на публика. Целиот настан се одвиваше според протоколите за заштита од коронавирус.

За вечерва е закажан настапот на Меџикал оркестар што го раководи Емин Џијан и ќе изведат теми од познати цртани филмови. На третиот ден (5 септември) концерт ќе одржат „Нокаут“ на кој како специјален гостин е најавен Игор Џамбазов.

За љубителите на електронската музика ќе има посебна вечер в недела, 6 септември, на која ќе настапат Јански, Редон Роби, Фикс и Флудер.

За времетраењето на фестивалот секоја вечер од 18 до 20 часот во летниот театар на десниот брег на Вардар ќе се организираат настапи преку изложби и перформанси на млади артисти.

The Park Festival го организира продукцијата „Ин Бокс Ентертејтмент“ и финансиски е поддржан од Министерството за култура и општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

Организаторите на Парк фестивал: За четиридневна програма добивме 2,5 илјади евра

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Ана Ололовска