Почна со работа Балканската дизајн мрежа

Од:

Балканската дизајн мрежа основана со идеја да даде стратешка поддршка во развојот и промоција на балканскиот дизајн и подигне свест за важноста на дизајнот во процесите на општествен и економски развој, почна со работа.

Балканската дизајн мрежа ја основаа Миксер организацијата од Белград, Хрватското дизајнерско друштво од Загреб и Public room од Скопје.

Младите балкански дизајнери кои добија можност да реализираат свои идеи покажаа извонредна креативност и прилагодливост кон економските и технолошки ограничувања, јави Танјуг.

Еден од клучните мотиви за основање на Мрежата е потребата за заедничко стратешко и долгорочно делување на регионалните дизајнерски организации и институции на креирање спони меѓу секторот дизајн и стоапснтво. Мрежата ќе поддржува истражувања кои сеоднесуваат на иновации во дизајнот, негов економски аспект, тука се и изложбени и промотивни активности, размена со образовните институции и соработка со производители.

Една од првите конкретни активности на БДН е унапредување на проектот Young Balkan Designers, кој од оваа година на младите балкански дизајнери ќе им понуди можност за дополнително образование и поголема меѓународна видливост на релевантни дизајн манифестации.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска