Почна селекцијата на пациенти за кубанската вакцина за рак на бели дробови

Од:

На Клиниката за онкологија во тек е селекција на пациентите и оние кои ќе ги исполнат условите ќе ја добијат кубанската вакцина против рак на белите дробови. Во селекцијата се вклучени и претставници од Куба кои ја донираа таа вакцина.

Ова денеска го истакна директорката на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија, Марија Дарковска-Серафимовска, која рече дека постојат точно одредени протоколи по кои мораат да се приддржуваат, односно протоколи кои даваат насоки за тоа кој пациент има оправданост за примена на оваа вакцина, а кај кои нема.

– Оние кои имаат оправданост за примена на вакцината, се пациенти кои се новодијагностицирани во трети или четврти стадиум на болеста, таму каде немате алтернативна друга терапија која треба да ја понудите и кои претходно не примале хемотерапија. Тоа се условите кои треба да бидат исполнети за еден пациент да може да ја добие оваа кубанска вакцина, посочи Дарковска-Серафимовска.

Појасни дека до крајот на годинава очекува да стигнат количините, што, како што рече, не значи дека веднаш ќе бидат аплицирани кај пациентите затоа што вакцината подлежи на контрола пред да се аплицира кај пациентите.

– Значи самиот процес на анализа и контрола на квалитетот на вакцината ќе трае една недела, можеби и десетина дена, и дури потоа, кога ќе се увериме во нејзиниот квалитет, сигурноста и безбедноста, ќе биде аплицирана кај пациенти кои доброволно ќе потпишат согласност за тоа, затоа што вакцината се уште е во трета фаза на клинички инспитувања, значи не е регистрирана во Европа и ние мораме да имаме согласност од пациентите кои ќе ја примат, додаде Дарковска-Серафимовска.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада