Почина пронаоѓачот на компјутерското глувче Даглас Енглбарт

Од:

Пронаоѓачот на компјутерското глувче, еден од создавачите на Интернетот, на различни верзии на електронски пошти и на пограми за обработка на текстови, Даглас Енглбарт почина на 88 годишна возраст во Калифорнија. Инженерот поинер во информатиката е роден на 30 јануари во 1925 година во Орегон.

Откако во ’50-те години од минатиот век завршува електроинженерство и информатика, тој се сели во Калифорнија и работи како истражувач во Стендфордовиот научен институт.

Светот му е должен и поради појавата на графичкиот интерфејс, на програмата за средување на текстови и за видео и телеконференциските врски.

Енглбарт е сопственик на над 20 патенти за различни изуми. За негово најголемо откритие се смета компјутерското глувче, чиј прототип го претстави во декември 1968 година, а го патентираше во 1970 година.

Глувчето се претвори во масовен трговски производ дури во 1984 година, кога Епл го пушти на пазарот со новиот компјутер Мекинтош.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска