Почина Габи Новак

Од:

Познатата хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст.

Родена на 8 јули 1936 година, дел од детството го поминала во Берлин. Потоа се преселила со семејството во Хвар, а потоа во Загреб. Таму дипломирала на Факултетот за применети уметности, отсек графика, и кратко работела како илустратор во Загреб Филм, во Студиото за цртани филмови.

Почнала да настапува кон крајот на 1950-тите, а нејзиниот препознатлив глас набрзо ја направил една од најомилените пејачки на југословенската музичка сцена од тоа време. Нејзиниот репертоар вклучувал поп и џез, а веќе во текот на 1960-тите години стекнала голема популарност и признанија од критиката.

За време на нејзината богата кариера, таа сними голем број албуми и синглови и соработуваше со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со бројни награди, вклучувајќи неколку награди Порин – во 2002 година за најдобра џез изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година го доби и Порин за животно дело.

Прво беше во брак со композиторот Стипица Калоѓера, а по нивниот развод во 1970 година, на 30 март 1973 година се омажи за кантавторот Арсен Дедиќ, кој беше нејзин сопруг и уметнички соработник до неговата смрт во 2015 година.

Габи Новак често е нарекувана прва дама на хрватската поп музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.

Би можело да ве интересира

Почина доајенот на македонската народна песна Наум Бурназ

Македонски државјанин почина во притворски центар во Албанија

Горан Наумовски

Почина пејачката Бони Тајлер

Катерина Ѓуровски

Почина режисерот Сашо Миленковски

Почина писателот Јован Павловски

Катерина Ѓуровски

Почина поранешниот амбасадор и политички аналитичар Арсим Зеколи