Почина францускиот режисер Клод Пиното

Од:

Францускиот режисер Клод Пиното, кој со филмовите „Шлаканица„ од 1974 година ја откри Изабел Аџани, а со „Жур” од 1980 година Софи Марсо, починал во петокот во 87 година во Нули-сур-Сен недалеку од Париз, соопшти денеска неговата агентка.

Агентката на Клод Пиното, Елизабет Танер за AFP изјавила дека веста за смртта на славнито режисер ѝ ја соопштила неговата сопруга.

Синот на исто така познатиот француски режисер Лисјен Пиното, Клод Пиното е роден на 25-ти мај 1925 година, а својата кариера ја започнал како интендант во театар и асистент на прославените режисерски имиња, како што се Жан Кокто, Анри Вернул и Клод Лелуш.

Пиното кој беше приврзан за криминалистичкиот филм а се прикажа и како вето хроничар, својот прв документарен филм го снимил во 1972 година, пор насловот „Човекот што не знаеше да молчи” со славниот Лино Вентура.

Пиното работеше на многу работи во филмската индустрија во текот на неговата богата кариера, но најмногу како режисер, сценарист и продуцент.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид