Почина еден од пионерите на американската астронаутика, Георг фон Тизенхаузен

Од:

Георг фон Тизенхаузен, последниот од германско-американските експерти за ракетна технологија кои ја воспоставија вселенската програма на САД, почина во својот дом во Алабама на 104 години.

Американскиот Космичко-ракетен центар потврди дека астрономот починал во неделата во Хантсвил.

Георг фон Тизенхаузен работел заедно со Вернер фон Браун во Втората светска војна. По војната, научниците биле префрлени од окупирана Германија во САД, каде го донеле германското познавање на ракетната технологија. Фон Тизенхаузен бил член на тимот којшто го лансираше првиот американски сателит, а во астрономскиот центар во Хантсвил работел и на испраќањето на првите американски астронаути во Вселената. Фон Тизенхаузен и Фон Браун учествувале и во последните три мисии „Аполо” во 1971 и 1972 година.

Во 2011. првиот космонаут што стапнал на Месечината, Нил Армстронг на Фон Тизенхаузен му врачи награда за научни постигнувања и придонес.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ