Победникот на „Макфест 2014“ ќе лапне 20.000 евра

Од:

Награди од 20.000 евра за првопласираната песна, 15.000 за второ и 10.000 евра за трето место изнесуваат паричните награди кои годинава ќе бидат доделени на фестивалот „Макфест 2014“.

Годинава, фестивалот за забавни мелодии ќе се финансира од Министерството за култура и Општина Штип. Како што изјави директорот на „Макфест“ Дарко Мијалковски на денешната прес конференција, од 83 пристигнати композиции на конкурсот, селекционите комисии избрале 17, а преостанатите 13 песни се избрани по пат на нарачки. На првата полуфинална вечер, ќе бидат изведени 15 песни од кои 9 ќе одат во финале. Истото ќе се случува и на втората полуфинална вечер, кога ќе бидат изведени нови 15 песни, а уште 9 ќе одат во финале.

Во саботното финале, ќе бидат изведени 18 песни кои ќе се натпреваруваат за трите награди од 20.000, 15.000 и 10.000 евра. Дел од пејачите кои ќе настапуваат на 29 – тото издание на „Макфест“ се Тамара Тодевска, Елвир Меќик, Биба Додева, Викторија Лоба, Александар Белов, Маја Вукичевиќ, Влатко Илиевски, Алекандра Јанева. Фестивалот ќе се оддржи на 5,6 и 7 јуни во Домот на културата во Штип. Минатата година, победата ја однесе Александра Јанева со баладата „Врати ми го сонцето“.

Би можело да ве интересира

Со кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“

Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Триесет и шесто издание на „Макфест“

Песната „Сакам да живеам“ од Нокаут победничка на 35-то издание на „Макфест“

Ана Ололовска

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Ана Ололовска

Штип: „Макфест“ може да се одржи на отворено, „Пастрмајлијадата“ откажана

Жарко Настоски