По негодување во јавноста, Сплит се премисли: Жељко Самарџиќ може да одржи концерт во градот

Од:

Концертот на Жељко Самарџиќ во Сплит беше забранет со одлука на директорот на Парк-шумата Марко Пејновиќ, но градските власти го поништија решението поради граѓаните кои протестираа, со желба да се одржи тој настап.

Според хрватските медиуми, градските власти „мијат раце“ од одлуката на директорот, нагласувајќи дека сето тоа е „промашување на организаторите на концертот“ и дека се ќе се реши и дека концертот планиран за 19 август ќе се одржи во Сустипан.

„Новата одлука за комунални прописи налага организаторите на концертот прво да побараат од Градот Сплит заклучок со кој настанот ќе се прогласи за манифестација, а доколку се работи за концерт заклучок за дозволената граница на бучава. Во овој случај организаторот не контактирал со Градот Сплит, па Јавната институција Парк Шума Марјан не можеше ни да издаде дозвола за концертот. Затоа е логична забраната на директорот“, изјави Бојан Ивошевиќ, заменик градоначалник на Сплит и додаде:

За локалитетите како Перистил, кој е споменик од нулта категорија, Сустипан, Цриквеница на Мештровиќ или галеријата на Мештровиќ во заштитено природно подрачје, важат построги правила, не може да се одржуваат „пожешки“ активности на такви локации. Кога организаторот ќе поднесе барање до Градот, тие ќе ги добијат потребните дозволи, бидејќи токму овој изведувач може да се вклопи во наведената средина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) По концертот во Сплит, Ален Исламовиќ доби морничави закани: Песните им пречат на хрватските ветерани

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Канадери и 250 пожарникари и утрово го гаснат страотниот пожар кај Сплит, куќите се одбранети

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силно невреме корнеше дрвја и поплави подруми во Сплит

Горан Наумовски

Хакерите што го блокираа аеродромот во Сплите бараат преговори

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор