Адам Сендлер и Дру Баримур по трет пат ќе бидат заедно во нова комедија, приказна за последиците на катастрофален состанок на слепо.
Сендлер и Баримур претходно ги снимија „Свадбениот пејач“ во 1998-ма и „50 први состаноци“ во 2004-та година, од кои и двата беа голем успех.
Новиот филм ќе ја раскаже приказната за двајца разведени кои ќе заглават на фамилијарно туристичко место со нивните деца од претходниот брак, откако ќе го имаат катастрофалниот состанок на слепо.
Актерите ќе се вратат на позната територија со надеж дека ќе ги оживеат своите кариери, по неколку не многу успешни филмови.
Јасна Атанасова