По 35 години затвор за убиство на сопругата, условно ослободен- телото уште не е пронајдено

Од:

Осудениот убиец Расел Каузли од Дорсет, кој никогаш не откри каде го сокрил телото на неговата убиена сопруга, е ослободен од затвор.

Тој беше осуден на доживотен затвор за убиството на неговата сопруга Керол Пакман во 1985 година. Минатата година неговиот случај влезе во аналите, бидејќи тој беше првиот затвореник кој се соочи со јавна расправа.

Расел беше ослободен од затвор за прв пат во 2020 година, но беше вратен една година подоцна поради прекршување на условите.

Минатиот месец судот одлучи повторно да го ослободи од затвор, а тоа го потврди и Министерството за правда на Велика Британија.

„Знам дека ова е многу тешко време за семејството на Керол, но Расел ќе биде под строг надзор и може повторно да биде вратен во затвор доколку ги прекрши условите под кои беше ослободен“, беше објавено.

Во својата прва јавна рецензија за условно ослободување, Расел, кој тогаш имаше 79 години, призна дека лажел и ја менувал својата приказна, но отсекогаш негирал дека ја убил Керол Пакман.

„Не мислам дека сум лоша личност, не ми се допаѓа кога ме нарекувате ладнокрвен убиец“, рече тој, пренесува Sky news.

Претседателот на одборот за условно ослободување рече дека има извештаи дека Расел им признал на некои затвореници дека ја убил Керол.

„Никогаш не сум разговарал со никого за тоа“, тврди Расел.

Цело време инсистираше дека ја сака сопругата, но и дека ја обожава љубовницата Триша.

Судијата одлучил повторно да го пушти на условен отпуст, но при одлуката било кажано дека телото на Керол никогаш не било пронајдено и не се јасни околностите под кои била убиена.

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ