„Плејбој” првпат објавува напис и фотографија од муслиманка со хиџаб

Од:

Списанието „Плејбој” првпат во својата историја, во октомврискиот број ќе објави статија дополнета со фотографија од муслиманка со хиџаб.

Станува збор за 22-годишната американска новинарка од либиско потекло, Нур Тагури. Таа работи во новинската видео-мрежа „Њуси“, а за новиот број на списанието е сликана во црна кожена јакна, патики и муслимански хиџаб. Тагури сака таа да е првата американска телевизиска презентерка која на екраните ќе се појави со хиџаб.

– Тешкотиите со коишто се соочив во својство на млада муслиманка израсната во САД, всушност ми помогнаа во кариерата, вели таа.

Написот насловен „Ренегати” се однесува на мажите и жените, кои ризикувале се за да го работат она што го сакаат.

На социјалните мрежи Нур има над 100.000 обожаватели. Мнозина од нив ја поддржаа во нејзиниот нов потфат, оценувајќи го како напредок, но има и такви кои ја критикуваат, припомнувајќи дека „Плејбој” е синоним за еротика.

Годинава „Плејбој” ја исфрли голотијата од своите страници.

Би можело да ве интересира

ФБИ објави досие за Хју Хефнер

Ана Ололовска

Аукција на личните предмети на Хју Хефнер

Наум Локоски

Почина творецот на логото на „Плејбој“

Ана Ололовска

„Плејбој“ го добил името според пропадната автомобилска компанија

Ана Ололовска

„Плејбој” ја враќа голотијата на своите страници

Ана Ололовска

„Пејџ Сикс“: Хју Хефнер е тешко болен

Ана Ололовска