Почина творецот на логото на „Плејбој“

Од:

Дизајнерот Арт Пол, творец на прочуениот зајак од списанието „Плејбој”, почина викендов на 94-годишна возраст. Смртта е последица од воспаление на белите дробови, соопшти неговата сопруга.

Соработката со основачот на „Плејбој” Хју Хефнер ја почнал во 1950 година, а Пол бил првиот вработен. Многу одамна тој рече дека за да го создаде логото му требало само половина час.

Во едно интервју, пак, изјави дека ниту тој, ниту Хефнер не мислеле дека списанието од самиот почеток ќе има толкав успех.

Професионалното Здружение на дизајнери во соопштението по повод смртта на Пол, соопшти дека „универзалната препознатливост на ’зајакот‘, дури и без името ’Плејбој‘, е сведоштво за дизајнерските способности на Пол”.

Би можело да ве интересира

ФБИ објави досие за Хју Хефнер

Ана Ололовска

Аукција на личните предмети на Хју Хефнер

Наум Локоски

„Плејбој“ го добил името според пропадната автомобилска компанија

Ана Ололовска

„Плејбој” ја враќа голотијата на своите страници

Ана Ололовска

„Пејџ Сикс“: Хју Хефнер е тешко болен

Ана Ололовска

„Плејбој” првпат објавува напис и фотографија од муслиманка со хиџаб

Ана Ололовска