Аукција на личните предмети на Хју Хефнер

Од:

Предмети од личната колекција на основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, меѓу кои и примерок од првото издание на списанието со Мерилин Монро на насловната страница, беа продадени на дводневна аукција во Лос Анџелес, што заврши вчера.

– Машината за пишување на која Хефнер го подготви првиот број од „Плејбој“ во 1953 година, беше продадена за 162.500 долари, а неговиот личен примерок од првиот број – за 31.250 долари, соопшти аукциската куќа Џулиен, којашто го организираше наддавањето.

Натаму, негова наметка од црвена свила, е продадена за 41.600 долари. А пак, „Вијагра прстенот” од 14-каратно злато, во кој тој секогаш си чуваше едно сино апче, чинеше 22.400 долари. Листата на продадени предмети е долга: моторџиски јакни, лимузина, џубокс, билијард маса, па дури и неговата ѕвезда на Холивудската патека на славните.

Американскиот актер Џим Белуши плати 3.125 долари за копија од епизода на култната телевизиска емисија „Сабота навечер во живо“ од 1977 година кога Хефнер беше водител.

Хефнер, апологет на сексуалната револуција во Америка, почина во септември 2017 година на возраст од 92 години. „Плејбој“, како и неговите препознатливи „зајачици“ е познат насекаде низ светот. Освен списанието, Хефнер исто така имаше и свое профитабилно царство од дискотеки, телевизиски серии и модни линии.

Приходите од наддавањето ќе одат во Фондацијата Хефнер, којашто ги штити граѓанските права, а особено слободата на изразување, за што Хефнер особено се залагаше.

Би можело да ве интересира

Списанието „Плејгрл“со нов концепт

Ана Ололовска

ФБИ објави досие за Хју Хефнер

Ана Ололовска

Почина творецот на логото на „Плејбој“

Ана Ололовска

Наследниците на Хју Хефнер не смеат да пијат или да се дрогираат доколку го сакаат наследството

Наум Локоски

„Плејбој“ го добил името според пропадната автомобилска компанија

Ана Ололовска

„Плејбој” ја враќа голотијата на своите страници

Ана Ололовска