Во француското село Боа Дамон, во близина на границата со Швајцарија, е изградена несекојдневна планиска куќа, која е интегрирана во планинската падина и е опкружена со густа шума.
Имајќи предвид дека дел од куќата е вдлабнат во планината, архитектите решиле остантиот дел од градбата да има големи прозорци од подот до таванот, кои овозможуваат поглед кон околината и влез на природна светлина во внатрешноста.
Во призмејето на куќата, чија градба чинела 218.000 долари, се сместени спалните соби, а на катот се наоѓаат дневниот престој, трпезаријата и кујната.
На покривот е изградена голема тераса, од која се пружа поглед кон околниот пејзаж.
Во ентериерот доминира минималистички мебел, кој на целата градба и дава модерен изглед и дозволува природното опкружување да се интегрира во севупниот амбиент на куќата.