Пивото го подобрува здравјето

Од:

Умереноста е многу битен фактор кога станува збор за алкохол. Но, едно „ѕидарско“ шише пиво од пола литар дневно, може да биде и благотворно за здравјето.

1. Ги зацвртстува коските

Пивото содржи висок процент на силициум, што добро влијае на коските.

2. Го чува срцето

Половина литар пиво дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања за 30 проценти, бидејќи го зголемува нивото на „добриот“ холестерол во крвта и спречува запушување на артериите.

3. Позитивно влијае на здравјето на бубрезите

Научниците од Финска го издвоиле пивото од другите алкохолни пијалоци, бидејќи откриле дека значително го намалува ризикот од камен на бубрег.

4. Го зајакнува мозокот

Во една студија од 2005 година, извршена со 11. 000 постари жени покажала дека жените кои пијат пиво умерено, на тестовите за менталните способности постигнувале резултати како да се 18 месеци помлади.

5. Го намалува ризикот од рак

Португалска студија покажла дека маринираните честички во пивото ги намалуваат канцерогените супстанци во организмот за 70 %.

6. Богато е со витамини

Љубителите на пиво имаат 30 % повисоко ниво на витаминот Б6 во крвта од оние кои не пијат пиво, а двојно повеќе од оние кои пијат вино. Пивото, исто така содржи и витамин Б12 и фолна киселина.

7. Штити од инфаркт

Истражувачите на Харвард откриле дека умерено количество на алкохол, вклучувајќи го и пиво, помага да се спречи срцев удар односно згрутчувањето на крвта кое го блокира протокот на крв кон срцето, вратот и мозокот.

8. Го намалува ризикот од дијабетес

Една студија направена во 2011 година спроведена на 38. 000 средовечни мажи укажала дека кај оние кои повремено пијат 1-2 пијачки на ден, ризикот дека ќе добијат дијабетес е намален за 25 проценти.

9. Го намалува крвниот притисок

Една студија спроведена на 70. 000 жени на возраст помеѓу 25 и 40 години покажа дека пивото е подобро од виното во намалување на крвниот притисок.

10. Го продолжува животот

Уште во 2005 година се докажа дека оние кои пијат умерено подолго живеат, затоа што со консумирањето на алкохол ги намалуваат срцевите заболувања, мозочен удар и дијабетесот.

Сепак се ова што е напишано не значи дека сега мора под итно да испиете цела гајба пиво за да бидете здрави, но можете да си го дозволите ова задоволство барем со една до две чаши на ден. Нема да ви штети, а ќе ви влијае позитивно.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска