Режисерот на „Господарот на прстените“, Питер Џексон, откако мина 15 години на Нов Зеланд екранизирајќи ги романите Ј.Р. Толкин, го заврши снимањето на последниот филм-трилогија „Хобит“, објави „Чикаго Трибјун“.
– 10:32 навечер. Четири или пет обиди до сега… Не, чекајте! Готово е! Додека го пишував ова, го завршивме снимањето!, напиша на Џекосн на неговиот Фејсбук профил.
Добитникот на Оскар, знае добро да ги користи социјалните мрежи за самопромоција, па редовно објавува видео-дневник и фотографии од позади камерите.
Неговите видео снимки обично привлекуваат по 500.000 гледачи, фотографиите собираат неколку илјади лајкови, а многумина и ги препраќаат на социјалните мрежи.
Заработката од над милијарда долари на филмот „Хобит: Неочекувано патување“ се чини дека докажува оти Џексон стана вистински мајстор за промоција преку интернет медиумите.
Континуирано објавуваше новости во врска со снимањето се до четвртокот навечер, кога заедно со неговата екипа го заврши снимаето на последната адаптаиција на Толкин.