Писателот на Game of Thrones потпиша петгодишен договор со HBO

Од:

Писателот Џорџ Р. Р. Мартин – автор на фантастичната ТВ-серија Game of Thrones, потпиша петгодишен договор со „Ејч-би-оу“ за нови содржини за телевизиската и стрим-платформа „ХБО макс“. Продукциската куќа го потврди овој податок.

Сепак, соопштението не уточнува дали договорот е поврзан со проекти поврзани со Game of Thrones. Според „Холивуд репортер“, зделката тешка неколку десетици милиони долари можеби ќе вклучува и серија за воинствената кралица Нимерија, која владеела со тој свет пред илјадалетија, или пак, серија за лавиринт од тесни ходници во една од кралските палати…

Договорот предизвика надеж кај љубителите на хит-серијата. Мартин (72), чијашто серија книги „Песна за мразот и огнот“ ја инспирираше Game of Thrones, веќе работи на серија со наслов „Куќата на Змејот“, којашто хронолошки ѝ претходи на првичната приказна и се случува 300 години претходно.

„Ворнер медија“ известува дека вон светот на Game of Thrones, Џорџ Р. Р. Мартин ќе биде извршен продуцент на уште два проекти на „Ејч-би-оу“, прилагодени од фантастичниот роман на Неди Окорафор – „Кој се плаши од смртта?“ и „Патокази“ на Роџер Зелазни.

Би можело да ве интересира

„House of the Dragon“ се враќа следната година, а ќе се чека на втората сезона на „The Last of Us“

Предраг Петровиќ

„Game of Thrones“ се преточува во театарска претстава

Катерина Ѓуровски

Софи Тарнер си го зеде престолот од Game of Thrones

Ана Ололовска

Претпродолжението на „Game of Thrones“ како нова серија на HBO

Ана Ололовска

ВИДЕО: Питер Динклиџ ја доби четвртата, рекордна „Еми“ статуетка за машка споредна улога

Ана Ололовска

Доделени „Еми” наградите за 2019 година

Ана Ололовска